Драматична победа над Данска на стартот на преткфаливикациите за Евробаскетот 2025

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација благодарение на Ненад Димитријевиќ стигна до драматична 73:70 победа над Данска во Нествед, на стартот на претквалификациите за Европското првенство во 2025, откако пропуштија големо водство на стартот на второто полувреме.

dobivaj vesti na viber

По лошиот старт на мечот, македонските кошаркари во првиот меч на селекторот Александар Јончевски, ја презедоа контролата на мечот, за на полувреме да имаат 34:29 водство. Меѓутоа, пред стартот на последната четвртина, Данците успеаја да израмнат на 55:55, а потоа и да дојдат до водство од четири поени (66:62). Димитријевиќ успеа да израмни на 70:70, а потоа по неуспешниот напад на домаќините, со тројка да го реши победникот.

За три дена, македонските кошаркари ја пречекуваат Словачка во Скопје, откако тие загубија убедливо со 87:68 од Норвешка. Само првопласираниот во групата оди во квалификациите.

ПРЕTКВАЛИФИКАЦИИ, ЕВРОБАСКЕТ 2025, ГРУПА Д

Данска – Македонија 70:73 (18:14, 11:20, 26:11, 15:18)
Словачка – Норвешка 68:87 (20:21, 13:21, 23:24, 12:21)

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга