Драган Стојковиќ – Пикси официјално селектор на Србија во следните три години

Од:

Поранешниот прославен српски фудбалер и југословенски репрезентативец Драган Стојковиќ – Пикси денеска официјално е назначен за нов селектор на Србија.

Пикси потпиша тригодишен договор со Фудбалската федерација на Србија и треба да остане на селекторското место до завршување на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Тој доаѓа на местото на Славиша Тумбаковиќ, кој во декември поднесе оставка како селектор на Србија, откако не успеа да обезбеди пласман на претстојното Европско првенство.

Драган Стојковиќ – Пикси својата фудбалска кариера ја започна во Раднички Ниш, по што со голем успех го носеше и дресот Црвена ѕвезда и Олимпик Марсеј.

Во тренерската кариера што ја започна во 2008 година, новиот српски селектор предводеше само две азиски екипи – јапонската Нагоја и кинескиот Гвангжу.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ