Дортмунд на чело во Бундеслигата по победата над Леверкузен

Од:

Борусија Дортмунд го совлада Баер Леверкузен со 4:0 во четвртото коло од германската Бундеслига и привремено се искачи на врвот.

Почетокот на мечот со „Сигнал Идуна Парк“ беше прилично бавен, но кон средината на првото полувреме домаќините притиснаа и Пако Алкасер го отвори резултатот со убав удар.

Така, тој веќе има реализирано гол во секое коло од почетокот на сезоната и е само втор фудбалер на Борусија со слично достигнување по Пјер-Емерик Обамејанг.

По паузата, „аспирините“ беа блиску до изедначување, но наместо тоа, примија втор гол, реалзииран од Марко Ројс. До крајот домаќините постигнаа уште два гола, преку Рафаел Гереиро и повторно Ројс.

Борусија Дортмунд собра 9 поени и го надмина лидерот РБ Лајпциг поради подобра гол разлика. Баер Леверкузен го забележа својот прв пораз во сезоната и останува со седум поени.

Би можело да ве интересира

Холанд може да го пропушти мечот со Херта поради повреда

Ана Ололовска

Вернер се искачи на второто место во историјата на Бундеслигата по постигнати голови на гостински терен

Ана Ололовска

Хет-трик на Санчо во убедливиот триумф на Борусија Дортмунд против Падерборн

Ана Ололовска

Алаба: Забавно е да се игра фудбал во Баерн

Ана Ололовска

Флик го надмина Гвардиола победувајќи на 22 од првите 25 натпревари како тренер на Баерн

Ана Ололовска

Левандовски најефикасен во најдобрите пет лиги во Европа

Ана Ололовска