Дончиќ: Луѓето реагираа неоправдано на нашите тешкотии

Од:

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, истакна дека неговиот тим постепено ги надминува тешкотиите што му создаваа проблеми на тимот на почетокот на шампионатот.

Маверикс ја започна сезоната со биланс 2-4 (победи-порази), но сега е во серија од три добиени натпревари.

– Немавме многу време да се запознаеме подобро во тимот. Луѓето кои го следеа Далас реагираа премногу грубо на нашите настапи во почетокот на сезоната. Но, секогаш имавме разбирање дека ќе бидеме подобри. Сега одиме во вистинска насока, особено во однос на тимските интеракции, изјави Дончиќ.

Во јануари, словенечкиот кошаркар има просек од 29,5 поени, 12,8 скока и 10,3 асистенции по натпревар.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа