Финансиската комисија на УЕФА ќе го проверува буџетот на ПСЖ по огромните трансфери кои францускиот тим ги направи во 2017 година, за можно непочитување на правилата за финансиски фер-плеј.
Во летниот преоден рок тимот на Пари Сен Жермен го засилија Нејмар и Мбапе за повеќе од 400 милиони евра, но во тој период не е забележан ист приход на пари, а според пресметките им недостасуваат околу 80 милиони евра за да се усогласат со правилата за финансиски фер-плеј.
Тоа би значело дека „Светците“ ќе мора да продаваат играчи, а еден од тие за кои најмногу се шпекулира е Едисон Кавани, кој има несогласувања со новата ѕвезда, Нејмар.
Доколку не успее да го избалансира буџетот, УЕФА би можела да го исфрли ПСЖ од Лигата на Шампионите следната сезона.