Сигурно барем еднаш сте слушнале приказна од сопственик на автомобил кој се пожалил дека неговото возило претрпело оштетување откако наишло на дупка на асфалтот. Слична несреќа му се случила на еден возач на „Ферари“ од Англија, кој одлучил да го превитка листот и да ги тужи надлежните во градот каде се случила несреќата.
Дека инцидентите со таканаречените „ударни дупки“ не се случуваат само во помалку развиените земји, покажува веста што ни пристигна од Англија.
Во мај 2016 година Скот Николас со неговиот „Ферари 458“ налетал на една таква дука во градот Питерборо.
– Беше темно, 10,30 часот навечер, кога почувствував дека мојот автомобил удри во нешто на патот. Истиот момент од силиот удар се активира страничните воздушни перничиња на местото на совозачот и малку требаше да се удрам. Помислив дека сигурно сум удрил во нешто, но се зачудив кога излегов од возилото и видов дека во прашање е дупка на асфалтот, се потсети Николас.
Тој тврди дека поради моменталното губење на контролата над автомобилот лесно можел да се судри со возилата од спротивната насока, ако некој наишол во тој момент, но за среќа тоа не се случило.
Освен штетата предизвикана од активирањето на воздушното перниче што е проценета на 6.000 фунти, оштетена била и десната алу фелна што чинела околу 3.000 фунти и која требало да се замени, а потоа требало да се изврши и центрирање на трапот. Покрај тоа, автомобилот не бил во возна состојба барем три месеци, додека не стигнале резервните делови.
Поради се што се случило сопственикот на „Ферари-то“ одлучил правдата да ја побара на суд.
Тој го тужел градот Питерборо, во чија надлежност е патот каде се случила несреќата. По неколку месеци судење, донесена е пресуда во негова корист, па градот морал да му исплати 10.000 фунти.
Сепак, Николас тврди дека парите не го интересираат и дека ќе ги донира во хуманитарни цели.
-Тука воопшто не се работи за пари, тоа беше работа на принципи, изјави тој по завршувањето на постапката.
– Во текот на судењето на сите начини се обидуваа да го избегнат плаќањето на штетата, па дури и тврдеа дека суперспортскиот автомобил како што е „Ферари“ не треба да се вози на јавни сообраќајници, се пожали Николас.
Сумата од 10.000 фунти е најголемата оштета што градот Питерборо досега морал да ја платни на некој сопственик на автомобил за штета предизвиката од „ударна дупка“ на патот, изјави портпаролот на градски власти.