До крајот на мај шпанското фудбалско првенство нема да продолжи

Од:

Претседателот на шпанска Примиера, Хавиер Тебас ја отфрли можноста за продолжување на сезоната пред крајот на мај.

Шпанското фудбалско првенство е суспендирано на неодредено време, а земјата е во вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус, мерка што ќе остане на сила најмалку до 26 април.

Но, Тебас не исклучи можност за одигрување на мечевите без присуство на публика, додека играње пред намален капацитет на стадионите може да почне да се применува во примерен момент и по совет на здравствените власти.

Примера поради тоа ќе загуби значителен фонд средства што во најоптимистичкото сценарио се однесуваат на 150 милиони евра.

Но, она од што најмногу се плашат во шпанскиот фудбал е „минусот“ да не достигне една милијарда евра, епилог што е можен ако сезоната воопшто не продолжи.

Би можело да ве интересира

Црна Гора прогласи крај на епидемијата на коронавирусот

А1он

Во авион од Доха за Атина 12 позитивни случаи на Ковид-19, во карантин 91 патник

А1он

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

„Ако затворите за Задушница, тешко вас“, му се заканиле на градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски

Маја Илиевска-Пачемска

Започна тестирање за антитела на вработените во болниците во Грција

А1он

Сколс: Барса на Гвардиола е најдобриот тим против кој сум играл, потоа следува Реал од 2003 година

Ана Ололовска