Кошаркарот на Далас Дирк Новитцки со 14-те поени постигнати ноќеска на дуелот против ЛА Лејкерс се проби на листата на стрелци во НБА лигата и сега се наоѓа на осмото место. Новицки има постигнато 27.322 поена и го мина Елвин Хејс кој има 27.313.
Пред Новицки се наоѓа Мозес Мелоун со 27.409 поени и можеме да очекуваме во скоро време и неговата бројка да биде надмината.
Инаку, најефикасен во историјата на НБА е Карим Абдул Џабар со 38.387 поени, пред Карл Мелоун со 36.928, а на третата позиција е активниот Коби Брајант 32.365 поени. Понатаму следат Мајкл Џордан – 32.292, Вилт Чемберлен – 31.419 и Шекил О‘ Нил – 28.596.