Димитриоски нов ракометар на Вардар

Од:

Македонскиот репрезентативецДимитар Димитриоски е нов член на Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.

Со доаѓањето на 21-годишниот Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.

– Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Димитровски пет години настапуваше за екипата на Металург. Последната сезона го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Беше на списокот на репрезентативци за настап на СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.

Би можело да ве интересира

Кокшаров: Моето назначување за тренер на Вардар беше неопходна мерка

Ана Ололовска

Дибиров: Дуелот со Кил е добра можност да покажеме кој е кој

Ана Ололовска

Вардар пушти во продажба дополнителен број билети за дуелот со Кил

Ана Ололовска

Вардар победи на гостувањето против Татран во СЕХА лигата

Ана Ололовска

Рутинска победа на Вардар во СЕХА лигата

Ана Ололовска

Дибиров: Не смееме да го потцениме Нексе

Ана Ололовска