Засилувањето на Челзи, Диего Коста кој во летниот преоден рок од Атлетико Мадрид пристигна на „Стемфорд Бриџ“ синоќа во Лондон двапати реализираше во победата о 2:0 на неговиот клуб над Реал Сосиедад.
Во последниот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, победникот беше решен по само седум минути игра. Коста погоди во 2. и 7.минута и најави добра сезона за сините од Лондон.
Челзи на 18 август во 1.коло од сезоната 2014/15 во Премиер лигата ќе гостува кај Барнли.
Шпанското првенство ќе започне една недела подоцна, а Сосиедад во 1.коло на 24 август гостува кај Еибар.