Дибиров, Гробок и Шишкарев денеска го потврдуваат пласманот на СП

Од:

Ракометарите на Вардар и репрезентативци на Русија Тимур Дибиров, Сергеј Гробок и Данил Шишкарев денеска со својата селекција ќе го играат реванш натпреварот против Литванија, за пласман на СП во Катар 2015 година.

На првиот меч домаќин беше репрезентацијата на Русија која оствари сигурна победа изразена со осум гола разлика 30:22, резултат кој што ги носи на чекор од пласман на Мундијалот.

На тој дуел Шишкарев постигна пет гола, Гробок беше стрелец на два, додека Дибиров за кого ова беше првиот натпревар за рускиот национален тим по паузата поради недоразбирањата со селекторот, не се запиша во листата на стрелците.

Русија е апсолутен фаворит и на реванш натпреварот против Литванците кој е закажан за денеска, од 16 часот, во „Жалгирис Арената“ во Каунас. Пред пласман во Катар е и Македонија која утре во реваншот со Грција во Скопје влегува со два гола предност.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa