Дибиров: Дојдовме да го освоиме пехарот во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Вардар и на Веспрем во кус временски период ќе одиграат три важни натпревари. Првиот е утре – финалето на СЕХА лигата, а следните два се кон крајот на месецот четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите.

На вчерашниот натпревар од полуфиналето со Загреб левото крило на Вардар, Тимур Дибиров постигна само еден гол, но тоа беше во клучните моменти во финишот на натпреварот.

– Сакавме да победиме во овој дуел и успеавме. Имавме и голема желба особено што лани потфрливме. Среќни сме од постигнатиот резултат бидејќи направивме чекор напред за разлика од лани. Ние во Вараждин дојдовме да го освоиме пехарот во СЕХА лигата и ќе мора во финалето да го победиме Веспрем, изјави Дибиров по дуелот од полуфиналето.
Во регуларниот дел од сезоната двата натпревара на овие две екипи завршија нерешено 24:24 во Веспрем и 30:30 во Скопје. Тоа беа и единствените два нерешени резултати на актуелниот првак на СЕХА лигата Веспрем.
Финалето Вардар – Веспрем се игра утре во Вараждин со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ