Дибала: Јувентус на исто ниво како Реал, Барселона и Баерн

Од:

Ѕвездата на Јувентус Паоло Дибала е убеден дека неговиот тим е на исто ниво како Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен и дека има голема шанса да ја освои Лигата на шампионите.

– Ние сме првите во една од најсилните лиги во светот, го победивме Наполи во првиот дуел од полуфиналето на националниот куп, а на добар пат сме и во Лигата на шампионите. Кога ќе се погледне на резултатите, ние сме подобри од Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Би било одлично ако го освоиме елитното натпреварување, ние имаме во тимот фудбалери кои тоа веќе го направиле, изјави Дибала.

Аргентинецот се поврзува со трансфер во некој од двата најголеми шпански тима.

– Среќен сум во Јувентус и немам намера да го напуштам клубот и покрај големиот интерес за мене. Сакам да постигнам гол во финале и да му го донесам на клубот трофејот од Лигата на шампионите, додаде Дибала.

Јувентус вечерва игра со Порто во реваншот од осминафиналето на ЛШ. По првиот дуел италијанскиот шампион има предност од 2:0.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска