Детроит го порази Денвер со Јокиќ, Дејвис не можеше сам против Феникс

Од:

Ентони Дејвис ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Играчот на ЛА Лејкерс одигра брилијантен натпревар, но не успеа да го спречи проазот на неговиот тим во Феникс.

Лејкерси без Леброн Џејмс, Лејкерси немаа шанси против Феникс. Санс славеа со 115:105. Екипата од Арзона сезонава победи на девет од десетте натпревари на домашен терен.

Девин Букер и Микел Бриџис со по 25 поени го предводеа Феникс. На спротивната страна Дејвис блескаше со 37 поени и 21 скок.

Никола Јокиќ повеќе не е во корона протоколот. Се врати во тимот на Денвер, му недостигаше еден скок за трипл-дабл, но не успеа да им помогне на соиграчите да го избегнат поразот од Детроит Пистонс.

Најлошиот тим во лигата, го победи Денвер со 110:108. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 22 поени го предводеше Детроит. Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен, девет скока и 10 асистенции.

Резултати:

Филаделфија – Бруклин 115:106
Мемфис – Сакраменто 109:113
Денвер – Детроит 108:110
Феникс – ЛА Лејкерс 115:105

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа