Денвер избори учество во плејофот

Од:

Екипата на Денвер нагетс обезбеди учество во разигрувањето за титулата во НБА-лигата и покрај поразот од Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен со 93:89.

Поразот на Портланд од Атланта (114:123) му обезбеди на Денвер едно од првите шест места во Западната конференција.

Нагетс ја прекинаа серијата од пет победи по ред, но го задржаа третото место во конференцијата со резултат 43-22 (победи-порази). Клиперси се на четвртата линија со ист ефект. Лејкерси се искачија на петтото место (37-28).

До сега, пласман во плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот обезбедија: Јута, Феникс, Денвер, Клиперс (на Запад), Филаделфија, Бруклин (на Исток).

Би можело да ве интересира

Дончиќ ја мина границата од 5.000 поени во НБА лигата

Катерина Павлова-Николовска

Вестбрук е на еден трипл-дабл од рекордот во НБА

Ана Ололовска

Лилард: Кога е здрав, Дурант е најдобар играч во НБА

Ана Ололовска

Адетокумбо: Ако мојот син бараше да ја завршaм кариерата и да играм повеќе со него, ќе го сторев тоа веднаш

Ана Ололовска

Кармело Ентони влезе во Топ 10 во историјата на НБА-лигата според бројот на поени

Ана Ололовска

Вестбрук: Се сметам себеси за најдобар плејмејкер во оваа лига

Ана Ололовска