Денис Шредер нема да игра за Германија во Токио

Од:

Германската кошаркарска федерација официјално соопшти дека Денис Шредер нема да игра за репрезентацијата на Германија на Олимписките игри во Токио.

Според објавата на веб-страницата на федерацијата, високата сума за осигурувањето е главната причина за играчот на Лос Анџелес Лејкерс да не му се приклучи на националниот тим на Олимпијадата.

Германија обезбеди учество на Игрите, победувајќи на квалификацискиот турнир во Сплит.

Шредер сакаше да игра во Токиот, но беше принуден да се откаже поради проблемите со осигурувањето. Германија пред турнирот во Сплит беше подготвена да издвои 10 милиони евра, но тоа не беше доволно за американскиот клуб на искусниот плејмејкер.

Би можело да ве интересира

Бен Симонс ќе ги бојкотира тренинзите и натпреварите на Филаделфија

А1он

Итудис ќе биде нов селектор на грчките кошаркари

А1он

Шенгелија, избран за претседател на синдикатот на играчи во Евролигата

А1он

Општина Аеродром домаќин на Меѓународниот кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“

Ернандез повеќе не е селекторот на Аргентина

Ана Ололовска

Швед ја заврши репрезентативната кариера

Ана Ололовска