Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе игра во финалето на АТП турнирот во германскиот град Хале, откако вчера го победи Кеи Нишикори од Јапонија. Швајцарецот славеше во два сета со 6:3 и 7:6.
За Федерер ова е деветто финале во Хале, а во претходните осум има шест победи.
Противник на Федерер во финалето ќе му биде Колумбиецот Алехандро Фала.
Почетокот на финалето е закажано за утре од 11 часот.