Демба Ба и официјално во Челзи

Од:

Досегашниот член на Њукасл, сенегалскиот фудбалер Демба Ба, потпиша тригодишен договор со европскиот шампион Челзи и со тоа ја официјализира неговата преселба меѓу „сините“ од Лондон.

– Многу е убаво да се биде овде. Среќен сум и горд. Штом ве повика освојувачот на Лигата на шампионите, одговорот е многу лесен. Не ми требаше многу време за да донесам одлука, изјави играчот кој за Челзи ќе настапува со број 29 на дресот.

Демба Ба е Сенегалец роден во Париз. Во досегашниот дел од Премиер лигата постигна 13 голови настапувајќи за Њукасл, а Челзи за неговите услуги плати осум милиони фунти.

Демба Ба пред две години играше и за Вест Хем во Премиер лигата, а од 2007 до 2011 ги бранеше боите на бундеслигашот Хофенхајм.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска