Дел Потро урна неколку рекорди, Надал прв на АТП

Од:

Хуан Мартин Дел Потро урна неколку рекорди со неговата победа на „Вимблдон“ денеска. Аргентинецот победи со 6:4, 7:6 (4), 6:3 против Беноа Пер од Франција и се пласираше во осминафиналето. Таму тој ќе се соочи со друг Французин – Жил Симон, кој го победи Метју Ебден по 6:1, 6:7 (3), 6:3, 7:2 (2).

Дел Потро се запиша во историјата на „Вимблдон“ уште во 2013 година, кога учествуваше во најдолгото полуфинале во историјата против Новак Ѓоковиќ во натпревар кој траеше 4 часа и 43 минути.

Сега петтиот носител на турнирот стигна до осминафиналето по четврти пат, откако го претекна по овој показател сонародникот Давид Налбандијан, кој играше во финалето во турнирот од Лондон во 2002 година. Покрај тоа, Хуан Мартин стана Аргентинецот со најмногу победи на Гренд слем турнири и со најмногу победи на „Вимблдон“.

Против Пер, тој направи 32 винери, откако реализираше пет од неговите 12 шанси за брејк. Делпо продолжува понатаму без да изгуби сет. Потенцијалниот ривал во четвртфиналето е Рафаел Надал.

Светскиот рекет број еден, пак си загарантира дека ќе биде на врвот на светската ранг-листа во следните неколку недели, откако се пласираше во осминафиналето „Вимблдон“. Шпанецот го победи 19-годишниот Алекс Де Минор (Австралија) со 6:1, 6:2, 6:4. Надал ќе се обиде да стигне до своето прво четвртфинале од 2011 година, а следниот ривал ќе биде победникот од дуелот Фабио Фоњини или Јиржи Весели.

Шампионот од 2008 и 2010 година немаше проблеми во првите два сета, во кои му даде на својот ривал само три гема. Во третиот дел, Надал направи брејк во петтиот гем, а во десеттиот спаси сет-топка, а потоа го затвори дуелот по својата трет меч-топка по малку повеќе од 2 часа игра.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ