Дел Потро ривал на Изнер во првото полуфинале во Мајами

Од:

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро избори полуфинале на Мастерсот во Мајами, САД, по победата остварена рано утрово над Милош Раониќ од Канада со 2-1.

Во меч што траеше без малку три часа, Дел Потро до триумфот дојде преку тај-брејк во вториот и третиот сет (7:6 и 7:6), откако првиот сет му припадна на Раониќ со 7:5.

Петтиот носител за противник во следната фаза ќе ги има Џон Изнер од САД.

Овој меч е закажан за утревечер од 19 часот.

Претходно ќе бидат познати и другите двајца полуфиналисти по двете четвртфиналиња во кои се среќаваат: Карено-Буста и Андерсон, односно Зверев и Чилиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ