Дел Потро почна да тренира по неколкумесечна пауза

Од:

Хуан Мартин дел Потро, шампион на УС Опен во 2009 година, полека се враќа на теренот откако започна со тренинзите по паузата од неколку месеци.

Дел Потро се повреди во јуни минатата година, се работи за десното колено и мораше да оди на операција. Оттогаш, тенисерот од Тандил не се натпреварувал.

Сепак, се чини дека најлошото е зад него и сега тој треба целосно да се концентрира на тоа како да се врати во конкурентна форма.

Делпо успеа да направи неколку последователни тренинзи на тврда површина, откако тренираше во Буенос Аирес, а негови партнери беа Хуан Игнасио Лондеро и Гиљермо Дуран.

– Факт е дека тој не се движеше премногу, тој мораше да биде внимателен, но ударите му беа силни како порано. Има неверојатен тајминг, вели за Ла Насинсон сведок на тренингот.

Неизвесно е кога Де Потро би можел да се врати на терените, особено сега кога сè е во неизвесност поради пандемијата на коронавирус.

Тој се очекува да игра во 2021 година, доколку секако условите го дозволат тоа и доколку нема несакани ефекти со повреда во процесот на враќање на терените.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ