Дел Потро и официјално објави дека го пропушта Австралија опен

Од:

Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро и официјално објави дека ќе го пропушти првиот Гренд-слем турнир во годината – Австралија опен во Мелбурн. Веста се очекуваше, иако Дел Потро до последно имаше надежи.

Сепак, тој не е целосно оздравен по операцијата на коленото, која му беше извршена поради кршеница во капачето во јуни 2019 година на турнирот на трева во Квинс. Ова е петто откажување на Дел Потро да учествува во Мелбурн во последните шест години. Во кариерата, вкупно тој пропушти 18 Гренд слем турнири поради повреди.

Победникот на УС Опен во 2009 година откаѓа да присуствува на турнирите во Виена и Стокхолм на крајот на 2019 година и се чини дека неговото враќање на терените ќе се пролонгира.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ