Дел Пјеро се кандидира за претседател на Јувентус

Од:

Поранешната фудбалска ѕвезда на Јувентус и на италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро е еден од кандидатите за нов претседател на прволигашот од Торино.

Дел Пјеро, кој во моментов работи како стручен коментатор за американската телевизија „ЕСПН“, според информациите на италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ ќе се врати во Торино за да го замени Андреа Ањели на чело на Јувентус.

Ањели беше еден од главните творци на европската Супер лига, која го зовре фудбалскиот свет и под притисок на јавноста пропадна неполни 72 часа по формирањето.

Според дел од италијанските медиуми, претседателската позиција на Ањели сега е сериозно разнишана и многу е веројатно дека на крајот од сезоната ќе поднесе оставка на чело на Јувентус.

Дел Пјеро не е единствениот кандидат за претседател на Јувентус. Меѓу кандидатите за претседателската функција се и поранешниот италијански селектор Марчело Липи и бизнисменот Алесанро Наси, близок до семејството Ањели.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ