Дејвис куп: Пораз од Норвешка

Од:

Македонската тениска репрезентација загуби на дуелот од второто коло во рамките на Третата евро зона од Дејвис купот од Норвешка откако двата дуели во поединечна конкуренција ги загубија Димитар Грабул односно Томислав Јотовски. Пред мечот Македонија важеше голем за фаворит за пласман во третото коло.

Во првиот меч Грабул неочекувано загуби од 16-годишниот Каспер Руд со 2:1 во сетови (6-1,1-6,2-6), а во вториот меч попладнево и Томислав Јотовски не успеа да победи. Тој одигра крајно драматичен меч и по 2 часа и 40 минути загуби од Виктор Дурасовиќ (456. место на АТП), со 2:1,(6-4,3-6,6-7 (7-9)).

Заради овие два порази сега без резултатско значење е третиот меч, кој ќе се игра во двојки.

Норвешка со оваа победа сигурно ќе биде на првото место во нашата група и се пласира во полуфиналето во рамките на Третата зона кои се играат во Сан Марино.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски