Дејан Станковиќ на чело на Црвена звезда

Од:

Поранешниот играч од средниот ред на Интер, Дејан Станковиќ и официјално е нов тренер на Црвена звезда, објави клубот доцна синоќа. Неговиот договор ќе биде на две и пол години. Тој го наследи Владан Милошевиќ. На овој начин, 41-годишниот Станковиќ се враќа во српскиот гигант од каде започна неговиот фудбалски пат.

Тој играше за екипата од нашиот северен сосед помеѓу 1995 и 1998 година, по што ги носеше дресовите на Лацио од 1998 – 2004 година и Интер од 2004 – 2013 година. Србинот ќе биде прв тренер за прв пат, а досега бил само асистент на Андреа Страмачони во Удинезе во сезоната 2014/2015.

Црвена звезда е лидер во српската Супер лига со 11 бода предност пред вториот Партизан, со 18 победи на 20 одиграни натпревари. Сепак, тимот остана на последното место во својата група во Лигата на шампионите и на тој начин заврши со учество во Европа оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто

Ана Ололовска

Подмладокот на Црвена ѕвезда, Вождовац и Графичар на подготовки во Охрид

Ана Ололовска

УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со 50.000 евра за кршење на финансискиот фер-плеј

Ана Ололовска

Капитенот на Црвена ѕвезда доби понуда која тешко ќе ја одбие

Станковиќ: Мурињо се онесвести кога дозна дека ќе бидам тренер на Звезда

Црвена ѕвезда ќе гради стадион од 200 милиони евра

Ана Ололовска