Со натпреварот Барнли – Челзи синоќа беше комплетирано 1.коло од новата сезона на Премиер лигата. Очекувано победија „сините“ од Лондон, а со погодок дебитираше Диего Коста.
Домашните поведоа во 14.минута преку Скот Арфилд, но само три минути подоцна Коста изедначи на 1:1. Во 21. минута Челзи поведе со 2:1 преку германскиот репрезентативец Андре Ширле, додека конечните 3:1 ги постави Бранислав Ивановиќ во 34. минута.
Резултати на другите натпревари од почетната рунда: Манчестер Јунајтед – Свонси 1:2, Лечестер – Евертон 2:2, Квинс Парк Ренџерс – Хал 0:1, Стоук – Астон Вила 0:1, Вест Бромвич Албион – Сандерленд 2:2, Вест Хем – Тотенхем 0:1, Арсенал – Кристал Палас 2:1, Ливерпул – Саутемптон 2:1 и Њукасл – Манчестер Сити 0:2.