Де Хеа, нов капитен на Јунајтед

Од:

Давид Де Хеа ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед, кој освен вртоглава сума на шпанскиот голман ќе му ја донесе и капитенската лента.

Според „Дејли меил“, Де Хеа ќе потпише договор во износ од 126 милиони евра, односно неделна плата од 412 илјади евра, со што станува втор најплатен играч кај „црвените ѓаволи“ по Алексис Санчез.

Со денешното потпишување, Јунајтед ќе ги прекине шпекулациите во врска со Де Хеа, дека ќе го напушти клубот бесплатно како слободен играч.

Де Хеа дојде во Манчестер во 2011 година, од Атлетико Мадрид за 17 милиони евра, а досега за Јунајтед настапил 247 пати.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска