Датоме: Ако играте без гледачи, тогаш има проблем, ако има проблем, подобро е да не играте

Од:

Кошаркарот на Фенербахче, Луиџи Датоме се произнесе за состојбата со коронавирусот и суспензијата на сезоната.

– Ако играте без гледачи, тогаш постои проблем. Ако има проблем, подобро е да не се игра. Според мое мислење, кога сезоната ќе продолжи, треба да има навивачи на трибините, а движењата на луѓето треба да се вратат во нормала, изјави Датоме.

Што се однесува до платите, играчот смета дека тоа е правен спор.

– Како претседател на синдикатот на играчите во Евролигата, знам за оваа ситуација. Правилно е да седнеме на иста маса со Евролигата и да разговараме за сè. Ако сезоната не продолжи, а ми се чини дека ќе биде така, тогаш ќе треба да најдеме заедничко решение, рече Италијанецот.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ