Данска и Полска му се приклучија на Тунис

Од:

Ракометарите на Данска и Полска му се приклучија на Тунис како втора и трета селекција која обезбедија пласман на Олимписките игри во Рио преку квалификациите.
Полјаците очекувано ја совладаа селекцијата на Чиле со 35-27 и ја забележаа втората победа во групата 1 од која претходно пласман обезбеди Тунис со триумфот над Македонија 32-26.

Во рамките на третата група чии натпревари се играат во данскиот град Хернинг, домаќинот Данска одигра мирољубиво 25-25 со Норвешка по што Данците на коло до крајот имаат недостижни три бодови, па денешниот меч со Бахреин за нив ќе биде чиста формалност, додека Хрватска и Норвешка во директен дуел ќе решаваат кој ќе патува за Рио.

Последното коло ќе реши кои две селекции од група 2, чии средби се играат во Малме, ќе обезбедат место на ОИ.

Домаќонот Шведска синоќа славеше победа над Словенија со 24-23, а Шпанија го победи убедливо Иран со 37-23. Швеѓаните сега имаат две победи, а Словенија и Шпанија по една, но со оглед на тоа дека Словенците важат за фаворити во дуелот со Иран, за очекување е дуелот меѓу Шпанија и Шведска директно да решава за вториот патник од оваа група.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ