Данска бара казна за расизмот на бугарските навивачи

Од:

Данскиот фудбалки сојуз и официјално соопшти дека сака казна за Бугарија поради расиситичките извици на фановите на националниот тим за време на натпреварот во Софија синоќа. Извиците  беа упатени кон Патрик Мтилига. Генералниот секретар на Сојузот Џим Стерне Хансен очекува ФИФА да направи нешто околу тоа.

“Очекуваме делегатите од ФИФА да се изјаснат за случајот. Тоа се слушна неколку пати”, изјави тој. Самиот Мтилига дури не сфатил за извиците кон него, но тие не останале незабележани од соиграчот Даниел Вас.

“Така е во фудбалот. Знаевме што можеме да очекуваме кога дојдовме овде. Бевме подготвени”, изјави Вас.

Данското онлајн издание “Sporten.tv2.dk” изрази мислење, поддржана со видео материјал дека бугарските фудбалски навивачи се полни со расистички навреди за левиот бек Мтилига.

Според сајтот, на неколку пати бугарската публика користела “непријатни извици” кога топката била кај Мтилига. Видеото повеќе не е активно.

Бугарија плати 40.000 евра парична казна поради расистички навреди на натпреварот со Англија пред повеќе од една година. “Левски” исто така беше казнет од УЕФА со 30.000 евра поради расизам од страна на навивачите на натпреварот со Сараево од Лигата на Европа.

 

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Нов земјотрес ја стресе Бугарија