Дани Алвеш: Јас би бил ѕвезда во сегашниот Милан

Од:

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш е убеден дека не би било проблем да игра во сегашниот состав на Милан, клубот во кој помина добар дел од својата кариера.

Бразилецот, кој има 38 години, во моментов игра во татковината, за тимот на Сао Паоло.

„Јас би бил ѕвезда во денешниот Милан. Возраста е само број и сè уште сакам да се борам, да играм фудбал. Порано трчав 12 километри на натпревар, но беше разумно да трчам 8. Сигурен сум во една работа: не сакам да се срамам од фактот дека сум на теренот. Кога веќе не можам да играм, ќе заминам, за да ја завршам кариерата,“ изјави Алвеш за медиумите од Бразил.

Милан во моментов е на седмото место на табелата во Серија А, а сезоната, прекината во март поради пандемијата на коронавирусот, продолжува овој викенд.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Жалбата e одбиена, Дани Алвеш останува на слобода

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Дани Алвеш излезе од затвор – слободата чини 1.000.000 евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

Дани Алвеш е слободен ако плати милион евра