Данскиот судиски пар Гјединг- Хансен ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу ракометните репрезентации на Македонија и Полска.
Иако важат за еден од најдобрите судиски парови во светот, Данците Мартин Гјединг и Мадс Хансен не се омилени во македонската ракометна јавност.
Данскиот судиски пар ја делеше правдата и на отворањето на Европското првенство во Полска, кога Македонија загуби од Франција со високи 30-23. Последната победа, кога суделе данските арбитри, Македонија ја забележа на Светското првенство во Катар против селекцијата на Австрија 36:31.
Дали данскиот пар ќе го задржи строгиот критериум кој го има, и дали и овојпат за разлика од пред четири месеци ќе ни донесат среќа останува да го сочекаме исходот од мечот Македонија – Полска кој ќе се игра во терминот од 20:30 минути во „ЕРГО Арената’’ во Гдањск.