ВИДЕО: Дали Руни го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед?

Од:

Во саботата вечер Вејн Руни е пренесен итно во болница заради повреда во натпреварот со Фулам. Незгодната повреда во пределот на коленото ќе го чини месец дена пауза. Но лондонскиот таблоид Сан претоставува дека тоа би можело да биде крај на љубовта меѓу Вејн Руни и Јунајтед.

Причина, фактот дека на теренот не игра со срце и душа за Црвените Ѓаволи. Руни ги подгреа шпекулациите уште во септември 2010 година кога изрази подготвеност да замине во градскиот ривал Сити, но во последен момент Алекс Фергусон успеа да го задржи пргавиот напаѓач.

Во првото коло на Премиер лигата, против неговиот поранешен клуб Евертон, Руни со својата бледа игра само потврди дека „ја изгубил љубовта кон клубот“, а во второто коло против Фулам во игра влезе од резервната клупа дури во 68-та минута. Се наведува дека е очигледна неговата фрустрација од фактот дека со доаѓањето на Ван Перси тој стана втора опција и помош на Холанѓанецот во нападот на Јунајтед.

Незадоволството на тренерот Фергусон се зголемува и односот меѓу двајцата се повеќе се затегнува.Дали навистина кариерата на Руни во Манчестер Јунајтед заврши, останува да видиме, но една работа е јасна, тој што се закачил со Фергусон, не поминал добро. Сетете се на Бекам, Ван Нистелрој, Јап Стам, Рој Кин.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска