Дали и Перо Антиќ и вели збогум на кошарката?

Од:

Дали и популарната кошаркарска ѕвезда, Перо Антиќ ќе и каже збогум на кошарката.По најавата на Гечевски и Илиевски дека ја напуштаат репрезентацијата уште еден шок за љубителите на кошарката.

Порталот Точка напиша дека на фан страната на Перо Антиќ утринава имало наводно негова изјава во која тој се откажува од Македонската кошарска репрезентација!

„Би сакал да ги известам македонските медиуми и целокупната спортска јавност, дека по долго размислување и јас го најавувам моето повлекување од репрезентативниот дрес. Како капитен чувствувам должност да го направам тоа сега како подобра варијатна отколку пред самото Европско првенствно 2013 година зошто сметам дека од исклучителна важност е да се планира и да се постават темелите на оваа наша подмладена репрезентација.

– Како играч и како капитен сметам дека го дадов својот максимум во оваа репрезентација, по многу напорни сезони и три тешки генерации. Со македонскиот дрес имав многу моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Многу успех им посакувам и изразувам огромна благодарност пред се на моите соиграчи, на целата МКФ и на сите македонски навивачи.

– Секогаш кога ќе можам ќе помогнам на Македонската кошарка на било кој начин и ќе бидам инволвиран во создавањето на идните македонски таленти. Оваа генерациај и овие момци што остануваат имаат многу што да покажат и кажав и вистинско време е летниот период да го искористам за личен одмор и закрепнување и да се посветам на семејството. Ви благодарам со почит Антиќ Перо“, напишал Антиќ.

Ова била изјавата на Фан страната на Фејсбук, која беше тргната. Што точно се случува, официјално не се знае.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ