ЦСКА се квалификуваше за „Ф4“ на Евролигата

Од:

ЦСКА Москва ја порази Басконија со 92:83 како гостин, и осма година по ред се квалификуваше за „Фајнал фор“ во Евролигата.

Рускиот тим ја освои четвртфиналната серија со 3:1 во победи. Французинот Нандо де Коло беше најуспешен за ЦСКА со 27 поени. Венсан Поарие постигна 21 поен за Басконија. Од 2003 година, ЦСКА Москва го пропушти само еднаш „Ф4“. Во полуфиналето оваа година, „армејците“ ќе се сретнат со шампионот Реал Мадрид.

Барселона пак успеа да се опорави по тешкиот пораз од 68:102 против Ефес во третиот меч пред два дена и одговори со силна игра што ја остави екипата во серијата. Кајл Кирик постигна 19 поени, а Анте Томиќ додаде 13 поени за успех на Каталонците. Шејн Ларкин постигна 20 поени за Ефес.

„Фајнал фор“ во Евролигата ќе се одржи од 17 до 19 мај во Виторија-Гастез.

Би можело да ве интересира

Скола: Дојдов тука да играм и го правам токму тоа

Коле се пожали: Не е фер еден тим да има два дена одмор, а другиот да има само еден

Аргентина ја елиминираше Франција и ќе спори за титулата на Светското

Србите подобри од САД во Кина

Второ место за МЗТ на турнирот во Романија

Ана Ололовска

Австралија со историско прво полуфинале на СП во кошарка