ЦСКА му нуди на Теодосиќ да биде најплатен кошаркар во Европа

Од:

Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ има понуда да го продолжи договорот со ЦСКА Москва и да стане најплатен играч во историјата на европската кошарка со годишна плата од четири милиони евра.

ЦСКА на Теодосиќ му понуди договор на три години со вкупна вредност од 12 милиони евра нето, објави специјализираниот кошаркарски сајт „Еурохупс“.

Претседател на рускиот шампион Андреј Ватутин вчера потврди дека очекува српскиот плејмејкер да ја прифати понудата и наскоро да го потпише новиот договор.

Теодосиќ е поврзуван со голем број на клубови од НБА, како Мајами, Бруклин, Сакраменто и Јута, а се шпекулира дека за три сезони во САД може да се заработи меѓу 25 и 30 милиони долари.

Тој веќе шест години е во Москва, во 2016 година ја освои титулата во Евролигата.

Настапувал и за Олимпијакос, Борац Чачак, ФМП Железник. Со репрезентацијата на Србија има три сребрени медали од Олимпијада, Светско и Европско првенство.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ