Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто

Од:

Српскиот шампион Црвена звезда е уште еден клуб кој ги намали платите на играчите поради пандемијата од коронавирусот.

Фудбалерите ја прифатија понудата на раководството да добијат само половина од нивните плати во наредните три месеци, објави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ.

– Играчите потврдија писмено дека прифаќаат нивните плати да бидат намалени за 50 проценти во текот на следните три месеци. Во јули повторно ќе разговараме за ситуацијата, а потоа финансиската слика ќе биде појасна. Екипата ја разбира ситуацијата и покажа дека сме избрале играчи со карактери, не само добри фудбалери, изјави Терзиќ за српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Подмладокот на Црвена ѕвезда, Вождовац и Графичар на подготовки во Охрид

Ана Ололовска

УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со 50.000 евра за кршење на финансискиот фер-плеј

Ана Ололовска

Капитенот на Црвена ѕвезда доби понуда која тешко ќе ја одбие

Станковиќ: Мурињо се онесвести кога дозна дека ќе бидам тренер на Звезда

Дејан Станковиќ на чело на Црвена звезда

Црвена ѕвезда ќе гради стадион од 200 милиони евра

Ана Ололовска