Циципас стави крај на учеството на Ѓоковиќ во Шангај

Од:

Степанос Циципас стави крај на учеството на светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, на годинашното издание на „Мастерс“ турнирот во Шангај.

Дваесет и едно годишниот тенисер го совлада четирикратниот шампион и бранител на титулата од минатата година во кинескиот град со 3:6, 7:5, 6:3 во четвртфиналето.

Во полуфиналето, Циципас ќе игра со третиот носител на турнирот, Даниел Медведев (Русија). На финалистот на „Ју Ес Опен“ му требаа два сета против италијанецот Фабио Фонини – 6: 3, 7: 6 (4).

Непосредно пред победата на Циципас против Ѓоковиќ, стана јасно дека грчкиот тенисер се квалификувал за финалето на АТП во Лондон во ноември.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ