Циципас го разби малерот против Медведев

Од:

Стефанос Циципас првпат во кариерата го совлада Данил Медведев, и тоа го направи на завршниот Мастерс во Лондон, на кој играат осумте најдобри тенисери на светот.

Гркот го победи Русинот со 7:6, 6:4 во првото коло од групата „Андре Агаси“ во која се уште Рафаел Надал и Александер Зверев, тенисери кои вечерва ќе си ги одмерат силите. Со поразот, Медведев испушти шанса да си ги зголеми шансите за освојување на третото место на АТП листата.

Роџер Федерер вчера загуби од Доминик Тим и дозволи да му биде загрозена третата позиција на АТП листата од Медведев, но популарниот Медо не го искористи подарокот, па Швајцарецот сега е во предност во трката за третото место.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски