Чупиќ: Ќе решаваат детали

Од:

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ во Келн претстојниот викенд ќе има шанса да ја одбрани титулата европски шампион освоена минатата сезона со Киелце. Тој очекува нијанси да одлучат која екипа на крајот ќе стигне до трофејот.

– Нашата подготовка и здравје ќе бидат најважни. Барселона е квалитетна и искусна, а ние две недели се подготвуваме за тој дуел. Како што игравме досега, тимски и одбрана и напад, треба да продолжиме. Како на и секој Ф4, и сега ќе решаваат детали, се надевам и малку среќата ќе не следи. Би сакал и голманите да бидат на ниво. Сето тоа ќе ни оди во прилог, вели Иван Чупиќ.

Вардар имаше неколку средби од домашното првенство и купот кои треба да бидат контрола пред настапот во Келн. Чупиќ има искуство во играњето на Ф4 турнирите, и заедно со Арпад Штербик, како двајца што ја освојувале титулата сигурно ќе имаат што да им пренесат на клупските колеги.

Натпреваро меѓу Вардар и Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот се игра в сабота во 18 часот. Претходно, од 15:15 во првото полуфинале на турнирот во Келн ќе играат Веспрем и ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ