Чилиќ: Разочаран сум, не знам дали ќе играм во 2017 година

Од:

Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ, по поразот во финалето на Дејвис купот против Аргентина (3: 2) во Загреб, изјави дека можно е да направи пауза во националниот тим.

Чилиќ имаше голема шанса на Хрватска д аи го донесе вториот трофеј во престижното натпреварување, но во четвртиот дуел загуби од Хуан Мартин Дел Потро со 3-2, иако водеше со 2-0 во сетови, за во решавачкиот петти меч Федерекио Делбонис го совлада Иво Карловиќ.

-Многу сум разочаран. Тешко за мене да го прифатам овој пораз. Мислам дека бев подобар на целиот натпревар, и физички и психички, но не успеав. Не знам што да кажам, тешко е за мене … Не знам дали ќе настапуваме во овој состав следната година, а ни јас не сум сигурен дали ќе играм за националниот тим. Ќе видам како ќе се развива ситуацијата, изјави Чилиќ за хрватските медиуми.

Хрватски тенисери во првиот круг на Дејвис купот следната сезона ја пречекуваат Шпанија во периодот од 3 до 5 февруари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен