Чилаверт: Меси е подобар од Марадона затоа што освои многу повеќе

Од:

Легендарниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт го коментираше прашањето: кој е подобар фудбалер – актуелната sвезда на Аргентина, Лионел Меси, или поранешната – Диего Марадона. Чилаверт вели дека меѓу двајцата фудбалери нема никаква споредба, затоа што Меси е многу подобар.

„Меси е најдобар на светот, без сомнение. Марадона не освои ниту 1% од она што го освои Меси. Лео можеше да игра за Шпанија и да биде предавник, но тој остана лојален на Аргентина и Аргентинците треба да му бидат благодарни,“ изјави Чилаверт.

Марадона ја освои светската титула со Аргентина во 1986 година, а на првенството четири години подоцна, загуби во финалето од Германија. Тој исто така е освојувач на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во 1986 година.

Меси е олимписки шампион во 2008 година, четирикратен освојувач на Лигата на шампионите и шесткратен добитник на „Златната топка“ на Франс Фудбал.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ