Играчот на Минесота Кевин Лав се наоѓа пред трејд, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се истакнува екипата на Чикаго Булс, која веќе испратила понуда за неговите услуги, пишува ЕСПН.
Тој бил во Бостон и се сретнал со нивниот плеј, Ражон Рондо, да разговараат за нивната иднина.
А не се исклучува ни трејд на Рондо и Лав во Чикаго, во кој би биле вклучени Џими Батлер, Карлос Бузер и Таж Гибсон од Чикаго и Џеф Грин од Бостон.
Но и Сакраменто е спремен да го трејдува секој свој играч во тимот освен ДеМаркус Казинс.
Со оглед на тоа дека Казинс е недопирлив се очекува да бидат вклучени Руди Геј или Ајзеа Томас, кои покрај споменатиот ценат се носители на играта на тимот од престолнината на Калифорнија.
Кевин Лав е висок 208 сантиметри и игра на позиција крилен центар.