Четвртото Балканско сениорско првенство во одбојка на песок од 25. до 27. јули

Од:

Четвртото Балканско сениорско првенство во одбојка на песок, во машка и женска конкуренција „Скопје 2013“ од 25. до 27. јули ќе се одржи на Градската плажа „Парк“. Натпреварите ќе се одржуваат  од 10 до 13 и од 17 до 22 часот, на двете игралиша за песок, а дополнително ќе има уште едно помошно одбојкарско игралиште.

Организатор е Одбојкарската федерација на Македонија, а покровител е Град Скопје. Овој турнир ќе биде во знакот на сеќавање на 50-години од скопскиот земјотрес.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција рече дека ова ќе биде можност да се видат најдобрите балкански натпреварувачи во одбојка на песок и ги повика скопјани да присуствуваат на натпреварите.

– Во историјата на балканската одбојкарска асоцијација ова ќе биде најмногубројно посетен официјален балкански шампионат во сениорска категорија. Досега има меѓу 14 и 15 пара машки и 13 пара женски учесници. Ќе учествуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Турција, рече Зоран Карановиќ, генерален секретар на Одбојкарската федерација на Македонија.

Од Македонија ќе настапат Јовица Симовски и Филип Деспотовски, Александар Милков и Влатко Трајчевски, а од жените Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска, а во текот на денот ќе се добие и вториот пар. Според него, фаворити се Бугарија, Србија и Турција.

Оваа година, како што рече, првпат сме влезени во календарот на Балканска и на Европска одбојкарска конфедерација. Од овој турнир првите натпреварувачи ќе земаат и бодови за понатамошно рангирање годишно на табелата на Европска одбојкарска конфедерација.

Учесниците ќе пристигнат на 24 јули и ќе бидат сместени во хотел „Континентал“. Првпат годинава има награден фонд, 3.500 евра делба за првите три места во машка категорија и 3.500 евра во женска категорија. Од натпреварите ќе се врши директен пренос на МТВ.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ