Четврта спуст победа во серија за Италијанката Гоџа

Од:

Италијанската скијачка Софија Гоџа победи на денешниот спуст во Кран Монтана, остварувајќи ја втората победа во само два дена во швајцарскиот ски центар и четврта во низа во рамки на Светскиот куп.

За 28-годината Италијанка ова беше вкупно 11 победа во кариерата до која стигна со време од 1:27.75 минути. Второ место со заостанување од 27 стотинки го освои швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами, која минатата сезона беше двоен победник во Кран Монтана.

Место на подиумот избори и сонародничката на Гоџа, Елена Куртони со заостанување од 60 стотинки.

Гоџа со 480 од можни 500 бодови води убедливо во пласманот во спуст, а во генералниот поредок словачката скијачка Петра Влхова ја зголеми предноста на врвот со 861 бодови, 120 повеќе од второпласираната Мишел Гисин од Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски