Четири квалификациски и еден финален турнир во зимската „3х3 Macedonia“

Од:

Премиерата на зимската 3х3 лига под организациска капа на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, во соработка со здружението „3х3 Macedonia“ ќе содржи пет турнири.

-Предвидено е да се одиграат четири квалификациски турнири и еден финален турнир во текот на зимскиот период. Сите турнири ќе бидат FIBA Endorsed. Турнирите ќе се одвиваат согласно Протоколите за заштита и превенција од ширење на COVID-19, информираат од КФСМ.

Првиот турнир е закажан за идниот викенд, 27 декември во СРЦ „Кале“ (голема сала).

Зимскиот шампион ќе добие парична награда во висина од 2.000 евра и слот за учество на FIBA Challenger, второпласираниот ќе добие парична награда во висина од 1.000 евра додека третопласираната екипа ќе добие парична награда во висина од 500 евра.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Перо Антиќ ќе биде претседател на КФСМ и во следните четири години

Катерина Ѓуровски

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Македонската кошаркарска федерација вечерва ќе ги додели признанијата за најуспешните

Ана Ололовска