Честитки од Томас Бах за големиот јубилеј – 50 години од создавањето на Светската карате федерација

Од:

Светската карате федерација (WKF) ја објави честитката на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах упатена до сите кои го слават големиот јубилеј, 50-годишнината од создавањето на Светската карате федерација.

– Би сакал да ги изразам моите срдечни честитки во име на Олимпиското движење за достигнувањето на ова значајно достигнување. Ако погледнете назад, може да се гордеете во периодот на извонредниот раст и развој на каратето во светот. Блиското партнерство меѓу IOC и WKF продолжува да расте и да се зацврстува. Дури и во вакви невидени ситуации како што се соочувањето со коронавирусот, ние сме секогаш посилни кога сме заедно. IOC е привилегирана што има партнери како што е Светската карате федерација во промовирање на спортот како суштински фактор во борба со пандемијата и како интегрален дел од изнаоѓање на решенија за излез од кризата. Олимписките игри наредната година ќе бидат уште позначајна пригода да се одбележи моќта на овој спорт во домот на каратето, во историскиот Нипон Будокан, стои во честитката на Бах.

Во изборот на фотографиите со првиот човек на IOC и претседателот на WKF Антонио Еспинос е и македонскиот репрезентативец Фахик Весели, освојувач на бронзен медал на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес 2018 година.

Светската карате федерација одбележува пет децении континуиран напредок, во кои достигна огромна експанзија и популарност. Има 200 земји членки и околу 100 милиони лица кои практикуваат карате. Основана е во Токио (Јапонија) на 10 октомври 1970 година, непосредно пред одржувањето на првото Светско првенство во карате.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“