Честитки од претседателот и премиерот на Грција до Адетокунбо

Од:

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас испратија честитки за грчкиот кошаркар Јанис Адетокунбо, кој беше избран за најкорисен играч во НБА, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ги направи и ги правиш горди Грците, н само со твојот уникатен пример, туку и со твојот врвен морал, пишува во честитката од грчкиот претеседател, Прокопис Павлопулос.

Грчкиот премиер на Адетокунбо му честиташе преку неговиот официјален Твитер профил.

-Утрово беше испишана значајна страница во историјат на грчката кошарка. Едно наше дете, со потекло од Нигерија беше избано за најкорисен играч во врвната лига во светот. Јанис Адетокунбо е МВП на регуларната сезона во НБА.МВП се и неговите блиски кои веруваа во него и го поддржаа. МВП се сите деца кои се родија и пораснаа во нашата земја и кои независно од потеклото сонуваат заподобра иднина. Честитки, Јани, му носиш голема радост на целиот народ, напиша грчкиот премиер на неговиот официјален Твитер профил.

Преку Твитер, на популарниот “greek freak” му честиташе и лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

-Големо признание за еден значаен спортист, но пред се за еден прекрасен човек кој не заборава од каде започна. Greek freak нѐ правиш горди, напиша Мицотакис на Твитер.

Честитки до грчкиот кошаркар испратија и поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу, грчката полиција и Европската комисија во Грција преку нивните официјални Твитер профили, министерот за туризам како и пратеници и политичари.

Јанис Адетокунбо лани беше централно лице и амбасадор избран од Министерството за туризам на Грција за промоција на туризмот.

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ