Чешката тенисерка која беше во истиот хотел со Ѓоковиќ депортирана од Австралија

Од:

Чешката тенисерка Рената Ворачова ја напушти Австралија откако и беше укината визата поради здравствени причини, јави денеска агенцијата Франс прес. Таа денеска замина од Мелбурн, пренесе АФП.

Ворачова беше во иста ситуација како Ѓоковиќ – невакцинирана против Ковид-19, од Австралиската федерација доби ослободување од важечките антиковид прописи во земјата за да може да игра на Австралија опен, кој започнува на 17 јануари, бидејќи таа го била заразена со вирусот кон крајот на минатата година.

Тенисерката во Австралија пристигнала во декември, дури одиграла и еден меч, по што во четвртокот ненадејно била приведена и сместена во хотелот во кој престојува Ѓоковиќ, бидејќи австралиските власти и ја одзедоа визата исто како и на српскиот тенисер.

За разлика од Ѓоковиќ, таа решила да се откаже од учеството на турнирот и да ја напушти Австралија.

Во интервју за чешките весници таа ги опиша условите во хотелот.

„Јас сум во собата и не можам да одам никаде. Можам да го отворам прозорецот само неколку сантиметри. Чуварите се насекаде, вклучително и под мојот прозорец“, рече Ворачова, додавајќи дека „се чувствува како во затвор“.

Австралиската гранична полиција денеска соопшти дека уште едно лице поврзано со Австралија опен, на кое исто така му е укината визата, „доброволно“ ја напуштило земјата.

Би можело да ве интересира

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ му даде предност на Алкараз

Познато зошто Новак му откажа соработка на Иванишевиќ

Предраг Петровиќ

Хрватски медиуми: Иванишевиќ мораше да оди во Америка за да му биде врачен отказот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев