Чешка ја одбрани титулата во Фед купот

Од:

Женската тениска репрезентација на Чешка синоќа во финалето на Фед купот ја победи Франција со 3-2 и со тоа ја одбрани титулата во ова натпреварување. Ова беше петта титула за Чешка во последните шест години.

Во решавачкиот меч во двојки Барбара Стрицова и Каролина Плишкова ги победија Каролина Гарсија и Кристина Младеновиќ со 7:5 и 7:5 во сетови.

По првиот ден резултатот беше 1-1 во победи.

Франција поведе со 2-1, откако Гарсија ја победи Плишкова со 2:1 во сетови, а потоа Стрицова беше подобра од Ализ Корне со 2:0 во сетови, по што следуваше пресудниот меч во парови.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен